Дома Топ вести Натпреварот во Скопје го направи своето: Иско станува највредниот „крал“ во историјата!

Натпреварот во Скопје го направи своето: Иско станува највредниот „крал“ во историјата!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, игра во фантастична форма и токму тој беше избран за играч на натпреварот во Суперкупот кој се одигра во Скопје/

Шпански „АС“ денес пренесува детали од договорот кој Иско наскоро треба да го потпише со Реал Мадрид. Реномираниот шпански медиум кој е близок до „кралевите“ пишува дека Шпанецот ќе добие договор во кој ќе има вметнато клазула од неверојатни 700 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според ова, тој ќе стане највредниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид. Во овој момент во фудбалскиот свет повисока откупна клазула има само Лионел Меси, една милијарда евра.

„АС“ смета и дека за ваквата одлука на управата на шпанскиот гигант влијание има и трансферот на Нејмар за кого ПСЖ плати огромни 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…