Eкипата на Еуфорам Пелистер иако ослабена со неиграње на повеќе важни играчи прикажа добра игра против Ним на гостински терен, а на крајот битолчани дома се враќаат со пораз од 25:23.
Натпреварот го одлучуваа нијанси, а овој пораз Еурофарм Пелистер го остави на три разлика од лидерот во групата. После изедначениот почеток (3:3), пелистерци дојдоа до предност од два гола 5:3, имаа предност од три гола (8:5). Но, од тој момент домаќините започнаа да играат подобро и го вратија водството. Тоа водство го одржуваа до крајот на првиот дел и на полувреме заминаа со предност од 13:12.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Почетокот на вториот дел донесе добро отварање на Е.Пелистер па македонскиот претставник дојде до предност од 16:14. Сепак, од тука следуваше нова криза на Е.Пелистер и добра игра на домаќините кои се вратија во водство и го одржуваа до крајот.
Дека Ним ќе го добие натпреварот започна д астанува јасно на пет минути пред крајот на натпреварот кога Ним водеше сое 23:20. На крајот конечниот резултат гласеше 25:23.
Фото: РК Еурофарм Пелистер