Дома Фудбал Лига на шампиони Спортинг Лисабон – Манчестер Сити: Гвардиола сака да заврши се уште во првиот меч

Спортинг Лисабон – Манчестер Сити: Гвардиола сака да заврши се уште во првиот меч

Манчестер Сити гостува на првиот меч, но секако е фаворит и ќе се обиде да обезбеди предност во Португалија на гости кај Спортинг Лисабон во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Тимот на Пеп беше на врвот од групата А со 12 бода за да се пласира во оваа фаза од натпреварувањето, додека Спортинг заврши на второто место во групата Ц зад Ајакс, откако ја победи Борусија Дортмунд за пласман во осминафиналето.

Спортинг брка изненадување


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Спортинг е присутен во осминафиналето на Лигата на шампионите за прв пат по сезоната 2008-09, кога загуби со неверојатни вкупни 12:1 од Баерн Минхен и нема сомнение дека тие се големи аутсајдери на овој меч.

Португалскиот шампион, како што веќе кажавме, заврши на второто место зад Ајакс во групата Ц, освојувајќи девет бода од нивните шест натпревари, успевајќи да се пласираат во осминафиналната фаза и покрај тоа што претрпеа три порази.

Извонредниот резултат на Спортинг беше победата од 3:1 над Дортмунд на крајот на Ноември, а тие сега знаат дека позитивниот резултат во првиот натпревар е од витално значење за да имаат барем некаква шанса пред реваншот во Англија кој е закажан за на 9-ти Март.

Ремито со Порто ги одалечи од домашната титула

Тимот на Рубен Аморим ќе влезе во овој натпревар по нерешениот резултат 2:2 во дербито со Порто во петокот, во еден неверојатен меч со дури пет црвени картони. Резултатот ги остави зелено-белите на второто место на табелата во португалскиот шампионат, со шест бода зад лидерот Порто.

Но Лигата на Шампиони е целосно различна од португалската лига. Спортинг можеби повеќе размислува за титула дома, отколку на европското натпреварување, но нема сомнеж дека барем на овој прв меч домаќинот ќе биде крајно мотивиран да забележи добар резултат, а тоа би било и реми.

Лавовите всушност победија на седум од нивните последни девет европски натпревари на домашен терен. Тие исто така го победија Манчестер Сити кога двете екипи играа меѓусебе во осминафиналната фаза од Лигата на Европа во 2012 година, триумфирајќи поради повеќе гостински голови по вкупното реми 3:3.

Сити по три трофеи сезонава

Според многумина, Манчестер Сити е фаворит за трофејот сезонава во Лигата на шампионите, но тие беа далеку од совршени во групната фаза на натпреварувањето, губејќи два од нивните шест натпревари. Сепак, 12-те поени беа доволни за прво место во групата, со тоа што ПСЖ заврши зад нив на второто место.

Тимот на Пеп Гвардиола ќе влезе во овој натпревар по победата од 0:4 над Норвич во Премиер лигата во саботата, со што се оддалечија на 12 бода повеќе од второпласираниот Ливерпул на табелата. Тоа значи дека Пеп сега е целосно фокусиран на Лигата на Шампионите, па може и да си дозволи ротации кога во прашање се натпреварите во Англија.

Сити, исто така брка трофеј во ФА Купот и ќе биде навистина интересно да се види што може да постигне актуелниот англиски шампион во текот на оваа сезона.

Тимот на Гвардиола, кој загуби од Челзи во финалето минатата сезона, има импресивна серија од 13 победи на последните 20 европски натпревари на гостински терен, а тие беа присутни во осминафиналето на ова натпреварување во секоја од последните девет сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…