Дома Фудбал Италија Милан учи на грешките: На Бенасер му нуди богат договор

Милан учи на грешките: На Бенасер му нуди богат договор

Лидерот во Серија А, Милан минатото лето остана без Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу кои си заминаа бесплатно, а „росонерите“ на ист начин би можеле да го загубат и Франк Кеси, па не сакаат повторно да се „изгорат“ и затоа планираат да му го продолжат договорот на Бенасер.

Донарума, Чалханоглу и Кеси ја разбудија управата на Милан, кој не сака да им се повторува такво сценарио во иднина, па затоа потпишаа договори со Кјаер, Салемакерс, Габија и Калабрија, а последен во серијата со нови договори треба да стане и Бенасер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Милан е подготвен да му даде двојно поголема плата на Бенасер, кој треба да заработува по три милиони евра годишно, а ќе стави потпис на соработка до 2024 година.

Милан сезонава игра многу добро и доколку продолжи вака, тогаш ќе биде сериозен кандидат за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…