Денес со натпреварот помеѓу Брегалница и Ренова кој ќе се игра на стадионот во Штип се отвара пролетниот дел од сезоната во првата македонска фудбалска лига.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова ќе биде натпревар на четвртопласираниот и петтопласираниот тим на табелата. Ако гледаме по бодовната ситуација до крајот на сезоната ќе се води жестока битка за првите четири места.




Брегалница во овој натпревар влегува со новиот стратег, на кормилото на клубот од Штип за време на паузата седна Илчо Ѓорѓиоски кој го наследи Секуловски.
Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот.
Фото: ФК Брегалница