Дома Македонски спорт Мак фудбал Пелистер застанал на сонот на свое дете: Од договорен трансфер во Швајцарија на крај – ништо!

Пелистер застанал на сонот на свое дете: Од договорен трансфер во Швајцарија на крај – ништо!

Младиот и талентиран играч играч на Пелистер, Усни Исмаили вчера пред завршувањето на преодниот рок раскажа како му пропаднал трансферот во Швајцарија.

Понудата била од швајцарскиот Тун, но се пропаднало кога Пелистер побарал поголема сума од очекуваното.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Обраќањето на Исмаили ви го пренесуваме во целост:

„Драги Битолчани , Чкембари и љубители на фудбалот и тоа се случи мојот матичен клуб ми “застана” на патот на мојата карирера !!! За тие кои што не ме познаваат јас сум Усни Исмаили – Ysni Ismaili) и тренирам во Пелистер од мојата 9 годишна возраст и со гордост го носев дресот на Пелистер до декември минатата година.

Сум поминал и преќутил буквално се и сешто во името и бојата на тој свет зелено-бел дрес и горд сум на тоа до ден денес и ќе бидам и во иднина. Кога добив договор професионален и бев вклучен во првиот тим ), нашиот Пелистер беше во Втора лига за само во 1 година јас и соиграчите да го вратиме во Прва Лига која потоа бев резерва ( зошто како тој што беше знае) за да претходнава година повторно бев првотимец во борбата за гол опстанок. Стигнуваа понуди од сите страни уште од лани : Германија,Швајцарија,Србија,Хрватска… но поради моите години сепак и школувањето во мојот град мислев дека е прерано да се одделам од семејството и започнам самостоен живот и успешна кариера како фудбалер во странство. Оваа зима стигна примамлива понуда од Швајцарски, Тун .

По одработените неколку тренинзи клубот ми понуди професионален договор како што беше договорено и претходно но остана уште да му се плати тренинг компензација на мојот матичен клуб Пелистер. Мојот “нов” клуб понуди над 28.500 евра во рати и 15% од наредниот мој трансфер во корист на Пелистер јас пресреќен клубот од Швајцарија задоволни што добија нов играч во мене но тука почнува “трагедијата” во целата оваа трансфер приказна . Од новото раководство на Пелистер добив на негодување поради малата сума која ја понудил тимот од Швајцарија а притоа јас сум со слободни документи значи зборуваме за тренинг комензација која треба да ја добие Пелистер поради мое тренирање,едуцирање и афирмирање можам слободно да речам две од трите ги немаше при моето тренирање и играње при тоа јас до пред неколку години редовно си плаќав чланарина кон мојот матичен клуб. Ако земаме по регулативите на ФИФА и УЕФА и според тоа како спрема мене било испочитувано од мојот професионален договор ако можи да се смета за таков мислам дека ни 5 пати помалку од ова не заслужуваат.

Трансфер рокот драги мои пријатели како што знаете е до денес а мојот претходен клуб во текот на доцните часови пушти нова “запрепастувачка” понуда кон швајцарскиот клуб од замислете 50.000 евра и 20% од следниот трансфер. Мојот несуден нов клуб нормално ја одби понудата затоа што и претходната била над финансиските рамки кои според нив од каде и каква лига доаѓам и клуб.Јас искрено и сам не знаев дека сум бил толкава звезда во Македонскиот фудбал па да ме продаваат/проценуваат на толкава сума.

Да заклучам на крај јас веројатно поради “алчноста” на мојот екс клуб нема да можам да ја продолжам карирерата како што замислував во Швајцарија па ниту мојот екс клуб ќе добие нешто на нивна заслуга но нема проблем господ е голем , ќе си дојди се на свое место кога тогаш а јас додека ова раководство никогаш нема да ае вратам во мојот матичен клуб макар и да играм и втора или трета лига. И нека пазат талентираните деца кој играт во фудбалскиот клуб пелистер,да внимават на договорите што потпишуваат бидејќи спортските работници нудат брда и долини пред потпис а после потпис не добиваат ништо. Сакам да му се заблагодарам на мојата фамилија, моите другари, пријатели, соиграчи тренери за целата подршка овој период како и на неповторливите навивачи едни и единствени во светот – Битолски Чкембари , Напред Пелистер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…