Агенцијата за млади и спорт го објави списокот на добитници на годишните ваучери за помош на федерациите од државата.
Најголем ваучер повторно доби Ракометната федерација на Македонија, 15,8 милиони денари, второто место и припадна на Кошаркарска федерација на Македонија (КФСМ), која ќе прокнижи 13,8 милиони, а по нив следи Одбојкарската федерација со 11,8 милиони денари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Што се однесуа до индивидуалните ваучери за спортистите кои остварија успех изнинатата година, изненадувачки сребрениот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски не доби најголем ваучер иако се врати со сребро од ЛОИ во Токио
Георгиевски објави статус во кој вели дека висината на вредноста на ваучерот кој го добил од Агенцијата за млади и спорт е несоодветен на неговите заслуги и дека ова е срамно!
Тој бара, како што пишува, уште денеска оваа неправда да биде решена, поради принципиелни причини и дека парите не му се мотив туку Македонија.