Дома Фудбал Останато Почна да се употребува систем кој засекогаш ќе го промени фудбалот

Почна да се употребува систем кој засекогаш ќе го промени фудбалот

Правилото за офсајд предизвикува најмногу контроверзии и понекогаш погрешните проценки можат да го одлучат победникот, а на крајот и освојувачот на трофејот.

Токму поради оваа причина ФИФА воведе систем кој засекогаш ќе го промени фудбалот. Тоа е технологија која ќе им помогне и на судиите, но и на навивачите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Судиите за неколку секунди ќе бидат информирани дали се работи за офсајд, додека за публиката ќе биде прикажана слика на големиот екран на стадионот во 3Д анимација.

Тестирањето веќе започна на Светското клупско првенство кое во моментов е во тек, а оваа технологија и официјално ќе влезе во фудбалот на Светското првенство во Катар на крајот на годината.

„Сакаме да имаме попрецизни и побрзи одлуки во случај на офсајд. Знам дека некои ова ќе го наречат робот за офсајд, но тоа не е така“, изјави првиот човек на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се …