Дома Фудбал УЕФА ги продаде за рекордни 15 милијарди ТВ правата за ЛШ

УЕФА ги продаде за рекордни 15 милијарди ТВ правата за ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА)  за рекордни 15 милијарди евра ги продаде ТВ правата за своите клупски натпреварувања за периодот од 2024 до 2027 година, пишува „Марка“.

УЕФА, подолг период се обидува да им ги зголеми приходите на фудбалските клубови, незадоволните се обидоа да формираат свое натпреварување Суперлига, кое згасна 48 часа по основањето.

УЕФА , ги продаде ТВ правата за наредниот тригодишен циклус (2024-2027) за натпреварите во Лигата на шампионите, Лига на Европа и Лигата на конференции за неверојатни 15 милијарди евра.

Од оваа сума, 51% ќе задржи УЕФА, а 49%, односно 7.35 милијарди евра ќе им бидат поделени на клубовите.

Од сезоната 2024, ќе биде променет форматот во Лигата на шампионите, ќе учествуваат 36 клуба и ќе има повеќе натпревари.

„Мило ни е што постои толку големо интересирање. Воодушевени сме што новиот договор ќе овозможи поголема распределба на парите на клубовите низ Европа и ќе биде постигната одредена финанска стабилност “, Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…