Ристе Јанков денес и официјално беше промовиран во нов голман на Каспиј од Казахстан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По потврдата за трансферот неговиот клуб, Работнички каде што ја помина целата досегашна кариера му се заблагодари и му посака среќа.
„Дојде во ФК Работнички со желба да ги научи првите голмански вештини. Неговиот талент беше воочлив уште од најрана возраст, а во нашиот клуб мина цели 16 години и израсна во врвен голман од репрезентативен калибар. Се калеше низ поразите, се радувавме на победите, заедно прославивме многу трофеи.
Ристе Јанков ја продолжува кариерата во Каспиј, прволигашот од Казахстан, и се надеваме дека тоа ќе биде само еден чекор кон врвна европска кариера каква што и заслужува.
Ристе, благодариме за се!“, гласи пораката на дебармаалци.
Фото: ФК Работнички