Дома Останати Кошарка НБА Јанис ги уништи Лејкерси, Дончиќ и Јокиќ солидни 🎥

Јанис ги уништи Лејкерси, Дончиќ и Јокиќ солидни 🎥

Беше возбудливо во НБА лигата во изминатата вечер.

Денвер успеа да слави против Њујорк со 132:115 и така да дојде до втора победа во низа, вкупно 30-та оваа сезона. Нагетси имаат и 24 порази и се наоѓаат на шестото место на табелата на Западната конференција.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Никола Јокиќ повторно беше предвник на својот тим. Србинот продолжи да доминира и оствари учинок од 21 поен, 11 скока и 7 асистенции. Треба да се издвои и настапот на Руки Бонс Хајленд кој постигна 22 поени, по 20 постигнаа Бартон и Грин, Гордон броеше до 19. Рендел беше најдобриот на спротивната страна со дабл-дабл од 28 поени и 10 скока.

Одличен беше и Лука Дончиќ кај Далас. Словенецот мечот против Детроит во кој Мавси славеа го заврши со 33 поени, 11 асистенции 7 скока.

Лејкерси немаа решение за Јанис Антетокумпо кој со 44 поени, 14 скока и 8 асистенции ги водеше актуелните шампиони до победа. Со овој настап Антетокумпо влезе во историјата како трет играч во НБА кој имал 40 поени, 20 скока и 5 асистенции. Пред грчкиот ѕвер ова им успеало само на Чебрлен и Абдул-Џабар. Леброн Џејмс кај Лејкерси го заврши мечот со 27 поени и 8 асистенции, Дејвис имаше сличен учинок со 22 поени и 9 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Феникс 109:114

Атланта – Индијана 133:112

Бруклин – Бостон 91:126

Мемфис – ЛА Клиперс 135:109

Њу Орлеанс – Хјустон 110:97

Далас – Детроит 116:86

Денвер – Њујорк 132:115

ЛА Лејкерс – Милвоки 116:131

Портланд – Орландо 95:113

Сакраменто – Минесота 114:134

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ембид стави потпис на еден од најскапите договори во историјата

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид потпиша нов тригодишен договор со екипата вреден 193…