Лацио утре му гостува на Милан во четвртфиналето од италијанскиот Куп, каде после еден натпревар ќе биде решен патникот во полуфиналето.




Сари пред натпреварот жестоко го нападна ждребот и форматот на италијанскиот Куп.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Купот на Италија е најнеспортското натпреварување на светот со ждреб кој никој не знае како се прави, но ова е натпреварување кое помага на одредени тимови да добијат шанса да бидат на ТВ“, изјави Сари.




„Овој меч доаѓа во вистинско време за нас и за Милан. Во последно време победивме на тешки натпревари кои ни дадоа самодоверба. Гладни сме и ќе уживаме да играме против силен тим кој се бори за Скудетото“, додаде Сари.