Дома Фудбал Познат првиот финалист на Светското клупско првенство🎥

Познат првиот финалист на Светското клупско првенство🎥

Фудбалерите на Палмеирас се први финалисти на Светското клупско првенство откако во полуфиналето славеа над Ал Ахли со 2:0.

Палмеирас ја оправда фаворитската улога и од самиот старт беше подобар противник, а во предност дојде во 39-та минута со голот на Рафаел Веига.

На почетокот на второто полувреме Палмеирас го реши прашањето на победникот со голот на Дуду.

Палмеирас во финалето ќе го чека победникот од дуелот помеѓу европскиот шампион Челзи и Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…