Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар со убедлива победа се враќа од Војводина

Вардар со убедлива победа се враќа од Војводина

Ракометарите на Вардар ја запишаа првата победа во СЕХА лигата на гостувањето кај Војводина (16:26).

Вардар имаше водство во текот на целиот натпревар, во еден момент имаше предност и од 11-7, но на одморот замина со два гола позитива.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Црвено-црните одиграа одлична одбрана во второто полувреме, па на противникот му дозволија да постигне само 7 голови, а со конечни 26-16 ја остварија првата победа во новата сезона во СЕХА лигата.

Најпрецизен беше Тимур Дибиров со седум постигнати гола, додека Оливие и Кевин Њокас дадоа по четири гола.

 По овој меч вардарци треба да одиграат два натпревари во домашното прветство, по што на 16 февруари следува пресметката во Монпелје во Лигата на шампионите, а два дена подоцна третиот меч во СЕХА лигата и тоа на гости кај Нексе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…