Дома Фудбал Италија Јувентус ги обновува преговорите со Дибала

Јувентус ги обновува преговорите со Дибала

Иднината на Пауло Дибала е главна тема бидејќи Аргентинецот може да го напушти Јувентус како слободен агент на лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала реши да ги прекине преговорите за нов договор со Јувентус, откако „Старата дама“ му понудила помала сума од претходно договорената.

„Калчомеркато“ пренесува дека Јувентус нема така лесно да се откаже од својата ѕвезда, па повторно ќе седне на преговарачка маса на крајот на месецот.

Дибала за продолжување на соработката бара 10 милиони евра по сезона, додека последната понуда од „бјанконерите“ беше 8 милиони евра, по што следеше прекин на преговорите.

Сега Јувентус ќе се обиде со нова понуда, во која ќе вклучи и лесно остварливи бонуси за Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ЈУВЕНТУС ПОДГОТВУВА ДВОЕН ПАКЕТ: Сакаат голман и напаѓач од тимот во Серија А!

Јувентус го промени спортскиот сектор преку летото и со трансфер политиката се занимава Џо…