„Најк“ официјално стави крај на своето партнерство со Мејсон Гринвуд, потврди компанијата за спортска опрема.
„Најк“ се откажа од Гринвуд откако беше уапсен со обвинение за силување и физички напад минатата недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата недела 20-годишниот фудбалер беше ослободен од притвор со кауција, но истрагата против него продолжува.
Манчестер Јунајтед го суспендираше од тимот и ја повлече спортската опрема со негово име од шоповите.
Американската компанија за производство на спортска опрема денес официјално потврди дека „Мејсон Гринвуд веќе не е спортист на Најк“.