Дома Фудбал Италија Влаховиќ: Најважни се головите, но јас сакам и повеќе да помагам на тимот

Влаховиќ: Најважни се головите, но јас сакам и повеќе да помагам на тимот

Душан Влаховиќ вчера дебитираше со гол за Јувентус, погоди против Верона после само 13 минути игра.

„Важно беше да се добие овој натпревар, затоа што секогаш е тешко после репрезентативната пауза, посебно на психолошки план. Морам да се заблагодарам до соиграчите и тренерот кои ми помогнаа многу во претходните денови. Се обидувам колку што можам побрзо да сфатам како се работи тука“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„За еден напаѓач најважно е да постигнува голови, но јас сакам генерално да ја подобрам играта и да му помагам на тимот колку што е можно повеќе и во други сегменти“.

„Целите на Јувентус секогаш се највисоки. Во секое натпреварување се оди на освојување, тука сум да дадам свој придонес. Има уште многу до крајот, одиме чекор по чекор, па ќе видиме како ќе ја завршиме сезоната“, изјави српскиот голгетер.

Покрај Влаховиќ, гол за Јувентус вчера постигна и Закарија кој исто така пристигна во клубот во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума изјави дека немал намера да го повреди фудба…