Реал Мадрид го игра својот следен натпревар против Гранада, а истиот е закажан на програмата за утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“, па тренерот Карло Анчелоти ја објави листата со фудбалери кои се достапни за натпреварот.
Анчелоти ќе смета на голманите Куртоа, Лунин и Диего, одбранбените играчи Карвахал, Милитао, Алаба, Ваљехо, Начо и Марсело, додека во средниот ред се достапни Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде, Васкез, Себаљос, Иско и Камавинга. А во нападот би можеле да играат Азар, Асенсио, Јовиќ, Бејл, Латаса и Родриго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Четворица се отсутни,а тоа се Бензема, Винисиус, Менди и Мариано, што е доволна причина да се очекува Јовиќ како стартер, иако нов играч во екипата е Хуан Мигел Латаса.