Дома Фудбал Италија Инзаги: Дербито со Милан не е одлучувачко за титулата

Инзаги: Дербито со Милан не е одлучувачко за титулата

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека утрешното дерби со Милан нема да биде одлучувачко во трката за титулата.

Инзаги истакна дека сезоната е долга, а во трката за титулата го сврсти и Јувентус, кој моментално е на 5-та позиција на табелата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не очекува многу интензивен период, ќе биде возбудливо. Сум играл многу дербија и знам дека во вакви натпревари нема фаворити. Не мислам дека овој меч ќе биде одлучувачки за титулата. Сезоната е долга и има многу натпревари, но овај сигурно е еден од најважните“, изјави Инзаги.

„Покрај Милан и Наполи за Скудетото ќе се бориме и со Аталанта и Јувентус. „Бјанконерите“ беа мој фаворит пред почетокот на сезоната и во последните месеци се подобрија многу, а и многу се засилија на трансфер пазарот“, додаде Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски како нов соиграч на Модриќ? Милан планира да го ангажира уште во јануари

Милан размислува како да ја засили својата напаѓачка линија и се фокусира на Роберт Леванд…