Дома Фудбал Англија Се огласи Лингард и го дементираше Рангник

Се огласи Лингард и го дементираше Рангник

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник на конференцијата изјави дека Лингард побарал неколку слободни денови и поради тоа нема да биде во протокол за мечот со Мидлсборо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, експресно реагираше Лингард, кој преку социјалните мрежи го демантираше менаџерот и тврди дека одлуката била на клубот, а не негово барање.

„Клубот ме советуваше да одморам малку од лични причини! Но, мојата глава е чиста и секогаш ќе бидам професионалец кога ќе бидам повикан да играм, давајќи 100% од себе“, истакна Лингард.

Лингард во последните денови од трансфер пазарот беше посакуван од Њукасл, но Јунајтед одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…