Дома Фудбал Дани Алвес нема да игра за Барселона во Лигата на Европа

Дани Алвес нема да игра за Барселона во Лигата на Европа

Дани Алвес е играчот кој не е пријавен за натпреварите на Барселона во Лигата на Европа.

Каталонците играа лошо во групната фаза од Лигата на шампионите, па така европскиот пат го продолжуваат во Лигата на Европа. Во нокаут фазата првата пречка ќе им биде Наполи на нашиот Елиф Елмас.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според правилата на УЕФА еден клуб има право да пријави тројца нови фудбалери за вториот дел од натпреварувањето. Барселона во претходниот период ги доведе Дани Алвес, Обамејанг, Адама Траоре и Феран Торес.  За сите четворица немаше место во ЛЕ.

На крајот Чави се реши во Европа да не смета на искусниот Дани Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Директорот на Наполи потврди: Хојлунд останува во клубот!

Според информациите на познатиот инсајдер Фабрицио Романо, Наполи планира да ја активира о…