Дома Топ вести Лапорта потврди: Дембеле нема да биде играч на Барса следната сезона

Лапорта потврди: Дембеле нема да биде играч на Барса следната сезона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека францускиот фудбалер Осман Дембеле ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу се преговараше помеѓу Дембеле и Барселона во претходниот месец од „договорот е само формалност“ дојдоа до проблеми и несогласувања кои кулминираа во преодниот рок кога Барселона се обидуваше да го продаде.

Дембеле и покрај тоа што му беше јасно кажано дека клубот не смета на него ги одби сите понуди и реши да остане. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а сега стигна и потврда од првиот човек на Барселона дека ќе замине.

„Осман Дембеле нема да биде играч на Барселона следната сезона. Мислам дека има договор со друг клуб. Секако, Чави ќе одлучи дали воопшто ќе игра до крајот на сезоната или не“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот Возиња добил две неочекувани понуди за продолжување на кариерата!

Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња,…