Дома Останати Кошарка НБА Крај на серијата на Денвер, Голден Стејт победува и без Кари и Томпсон 🎥

Крај на серијата на Денвер, Голден Стејт победува и без Кари и Томпсон 🎥

Eкипата на Денвер го доживеа првиот пораз во источната турнеја која ќе ја заврши со екипи од Западот. Домашниот тим во Минеаполис славеше со 130:115.

После Детроит, Бруклин, Њу Ореланс и Милвоки на ред дојде мечот со Минесота. Сепак, Минесота беше подобра во овој дуел. Натпреварот Денвер го загуби во втората четвртина која ја одигра катастрофално во двете насоки и дозволи домаќинот да се одлепи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоунс беше најефикасниот во победничкиот табор со 24 поени и 10 асистенции. Во редовите на Денвер Јокиќ стигна до дабл-дабл од 21 поен и 16 скока.

Голден Стејт без Кари и Томпсон славеше против Сан Антонио Спарс со 120:124 и така стигна до 39. победа оваа сезона. Без првите ѕвезди поголема слобода доби Пул кој го заврши натпреварот со 31 поен, додека кај домаќините Мареј постигна 27 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Деторит – Њу Орлеанс 101:111, Милвоки – Вашингтон 112:98, Торонто – Мајами 110:106, Чикаго – Орландо 126:115, Минесота – Денвер 130:115, Сан Антонио – Голден Стејт 120:124, Феникс – Бруклин 121:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…