Eдна од репрезентацијата која судејќи по имињата очекувано да игра на Светското првенство е во тешка ситуација на две кола пред крајот на квалификациите во Јужна Америка.
Изминатата ноќ комплетирани беа натпреварите од 16. коло после кое Колумбија е пред елиминација. Колумбија и гостуваше на Аргентина и беше поразена, иако „Гаучосите“ немаа резултатски императив затоа што го имаат обезбедено Мундијалот. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лаутаро Мартинез во првото полувреме.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уругвај ја прегази Венецуела со 4:1. Бентакур го отвори резултатот уште во првата минута, а потоа стрелци беа Де Араскаета, Кавани и Суарез од пенал.
Директен дуел во Лима имаа Перу и Еквадор. Еквадора поведе уште во втората минута преку Естрада, но не го издржаа притисокот на домаќините кои изедначија на половина час пред крајот преку Флорес.
Во натпреварот без резултатско значење Бразил немаше милост против отпишаниот Парагвај. Мечот заврши со 4:0. За Бразил погодуваа Рафиња, Кутињо, Ентони и Родриго.
На две кола пред крајот Бразил и Аргентина веќе се на СП. На третото и четвртото место се Еквадор и Уругвај со по 25, односно 22 бодови. Перу со 21 е петт и го држи местото кое води во баражот. Чиле и Колумбија имаат по 19, односно 17 бодови и шансите за место во Катар им се мали.
Преостантите две кола ќе бидат одиграни во март.