Дома Фудбал Италија Влаховиќ е омразен во Фиренца, навивачите ќе ги менуваат дресовите со неговото име

Влаховиќ е омразен во Фиренца, навивачите ќе ги менуваат дресовите со неговото име

Трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус одекна како „бомба“ во цела Европа, а особено на Апенините.

Фиорентина и Јувентус важат за едни од најомразените ривали во Италија, па заминувањето на Влаховиќ многу ги налути навивачите.

Српскиот голгетер стана омразен во Фиренца, па дури и доби закани по живот од фановите на Фиорентина.

Продавницата на стадионот „Артемио Франки“ почна акција со која им се овозможува на навивачите да го избришат презимето на Влаховиќ од нивниот дрес и да го променат во тоа на новиот напаѓач Артур Кабрал.

„Фиренца е град на уметноста… Ако дојдете, ќе ви го промениме дресот за 20 евра. Може да го ставиме вашето или името на Кабрал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…