Лионел Меси уште еднаш разочара, а ПСЖ испадна од Купот на Франција.
Патот на ПСЖ во Купот на Франција заврши уште во осминафиналето со поразот на пенали од Ница. Меси беше прецизен во пенал серијата, но тоа е единственото нешто по што беше забележан во овој натпревар. Аргентинецот ги одигра сите 90 минути, беше свеж затоа што побара да не игра за Аргентина во квалификациите за СП.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Аргентинците веќе го обезбедија пласманот на СП па така Меси сакаше да биде свеж за предизвиците во ПСЖ. Сепак и свежината не му помогна, а медиумите „удрија“ по него после елиминацијата.
„Шесткратниот освојувач на Златната топка одигра уште еден натпревар без вкус и мирис и не успеа да спречи елиминација на ПСЖ. Аргентинецот кој се враќа после прележувањето на ковид уште еднаш разочара. Меси беше далеку под својот стандард и технички правеше грешки“, пишуваат Французите.
Играчите на Ница можеби беа остри кон него, но факт е дека Меси повтори уште еден натпревар за ПСЖ во кој не покажа скоро ништо.