Серхио Рамос заработи повреда на мускулот на последниот тренинг и најверојатно ќе ги пропушти дуелите со Реал Мадрид во Лигата на шампиони, пренесува „Марка“.




Рамос веќе го пропушти поголемиот дел од актуелната сезона во ПСЖ поради повреда, а сега му следува нова пауза.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Засега нема информации за сериозноста на повредата, но медиумите тврдат дека ветеранот сигурно ќе го пропушти првиот дуел со неговиот поранешен клуб.




ПСЖ на 15 февруари на “Паркот на принцовите“ го пречекува Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.