EХФ денес соопшти дека СЦ „Јане Сандански“ ќе биде салата-домаќин на Скопје на Европското првенство за жени кое пред крајот на оваа година ќе се игра во повеќе земји меѓу кои е и нашата.
Покрај Македонија домаќини ќе бидат Словенија и Црна Гора. Натпреварите кај нас ќе се играат во Аеродром.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
ЕП ќе се игра од 4. до 20. ноември. За амбасадор на настанот е избрана словенечката пејачка Сенида која ќе ја изведе и официјалната химна на првенството.