Баерн Минхен е силно заинтересирана за дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, пренесува „Билд“.




Баерн е во потрага по квалитетен дефанзивец бидејќи на лето ќе остане без Никлас Зуле, па Кристенсен е на врвот на листата желби.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој сега е слободен да преговара со други клубови.




Баерн сака да ја искористи таквата ситуација и веќе почнал преговори со агентот, но ќе треба да ја победи конкуренцијата која е голема.




Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи конкуренцијата е голема, а и Челзи до последен момент ќе се обиде да го убеди да стави потпис на нов договор.