Дома Останати Кошарка НБА Кари ги водеше Вориорси до четвртата победа во низа, пораз за Лејкерси без Леброн 🎥

Кари ги водеше Вориорси до четвртата победа во низа, пораз за Лејкерси без Леброн 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни само два натпревари.

Голден Стејт на домашен терен славеше победап ротив Минесота со 124:115 и така Вориорси стигнаа до четвртата победа во низа, а 36-та оваа сезона во НБА. Стеф Кари го предводеше својот тим со 29 поени, додека Клеј Томпсон постигна 23, а Ендрју Вигинс мечот го заврши со 19 поени.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Кај Минесота која е на скор од 24/24 Карл Ентони Таунс со 31 поен и 12 скока беше најефикасниот.

Кошаркарите на Филаделфија на домашен терен славеа со Лејкерси 105.87. Џоел Ембид го предводеше својот тим со 26 поени, девет скокови и седум асистенции. Тобијас Харис додаде 23 поени за победниците, додека Тајрис Мекси уфрли 14 поени и подели 10 асистенции.

Лејкерси играа без Леброн, а најдобар беше Ентони Дејвис со 31 поен и 12 скока. Вестбрук го заврши натпреварот со 20 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…