Дома Фудбал Репрезентации Костадинов: Пандев пред Грузија одржа говор од пет минути по кој сите плачевме

Костадинов: Пандев пред Грузија одржа говор од пет минути по кој сите плачевме

Тихомир Костадинов неодамна направи трансфер во Пјаст Гливице, сега во Полска македонскиот репрезентативец го имаше и своето прво интервју.

Во интервјуто Костадинов зборуваше за настапот на Македонија на Европското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа беше едно неверојатно искуство, ние сме мала земја и беше чест да се игра на еден така голем турнир. Заслуживме да се пласираме. После тој бараж со Грузија не можеше да славиме многу затоа што имаше карантин. Луѓето излегуваа на улиците да слават, но кратко траеше поради пандемијата“.

Капитенот Горан Пандев пред одлучувачкиот меч со Грузија имал емотивен говор.

„Тоа беше многу трогателен говор. Ни кажа дека ќе се откаже од сите медали и од оној од Лигата на шампионите само да игра со Македонија на Европско првенство. Ни зборуваше пет минути, кога се свртев видов дека многумина плачеа. Тогаш знаев дека не е можно да го изгубиме тој натпревар“.

„Горан е уникатен фудбалер. За неговите квалитети не треба да се зборува многу, пред се и добар човек кој сака на секому да помогне. Импресивно е тоа што и на 38 години игра на највисоко ниво. За македонскиот фудбал направи важна работа со формирањето на клубот кој сега игра во првата лига“, изјави Костадинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…