На „Нетфликс“ веќе може да се гледа документарецот за Нејмар, па почнаа да излегуваат детали за животот на Бразилецот.
Во документарецот за Нејмар еден од главните соговорници е неговиот татко кој открива дека заработил многу пари кога Нејмар бил на проба во Реал Мадрид. За многумина можеби е непознато, Нејмар првата проба во Европа ја имал во Реал Мадрид на 14 години. По таа проба тој одлучил да се врати во Бразил и „дома“ да се развива до тинејџерските денови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таткото на Нејмар сега зборуваше за детали од таа проба.
„Кога првпат отидов во Европа не разбирав ништо, јадењето беше поинакво. Не бев навикнат да додавам авокадо во храната, го имаше насекаде. За мене авокадото беше само овојше. Иако беше многу млад тој се претвори во феномен во Бразил, а јас видов шанса да донесам голем бенефит за целото семејство. Нејмар имаше само 14 години“, откри Нејмар сениор.