Поранешниот играч за врска на Јувентус, Алекси Такинари е воодушевен што Душан Влаховиќ ќе потпише за клубот од Торино.
Такинарди порачува дека ангажирањето на напаѓачот на Фиорентина е јасна порака од првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели до ривалите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Уште едно првенство почнува за Јуве, Влаховиќ е единствениот кој може да ја поништи лошата сезона. Мислам дека Ањели беше изморен од патот по кој одеше екипата. Ова е негова силна порака: Престанете да се шегувате, уморен сум, сакам победи, не сакам да го гледам повеќе Јувентус на петтата или шестата позиција, го направив овој чекор пред вас“.
„Головите на Влаховиќ се гаранција. Последен пат сличен ваков јануарски трансфер кој може да ги промени работите беше доаѓањето на Едгард Давидс од Милан во ЈУвентус“, изјави Такинарди.
Според најавите трансферот на Влаховиќ ќе биде комплетиран најдоцна до петок. Јувентус ќе плати сума помеѓу 67 и 75 милиони евра.