Полицијата во Фиренца презеде соодветни мерки поради заканите на адреса на Душан Влаховиќ од страна на фановите, пренесува „Република“.
Влаховиќ е на чекор од трансфер во Јувентус, а поради тоа навивачите на Фиорентина се бесни. Бесот фановите го покажаа со два транспаренти поставени пред „Артемио Франки“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Твоите чувари нема да ти го спасат животот. Цигане, твојот живот е готов“, пишуваше на транспарентот.
Поради ваквата јасна закана за живот мораше да реагира и полицијата, која презеде мерки за безбедноста на напаѓачот.
Полицијата ја чува куќата на Влаховиќ, кој се очекува утре да замине за Торино на лекарски прегледи.