Дома Македонски спорт Навиваше „Олд Трафорд“, маестрално го најави спектаклот со Англија – Тоше и македонската репрезентација 🎥

Навиваше „Олд Трафорд“, маестрално го најави спектаклот со Англија – Тоше и македонската репрезентација 🎥

На 6-ти септември 2003 година Англија гостуваше за првпат во Скопје, тоа беше прилика македонските фанови во живо да гледаат легенди како Бекам, Тери, Лампард, Џерард…

Добро започна тој натпревар за Македонија поведовме со голот на Ѓорѓи Христов, а потоа Вејн Руни испиша историја кај Англичаните и токму во Скопје стана најмалдиот стрелец во англиската репрезентација. Не издржавме до крај, Бекам го сврте резултатот со гол од пенал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но, овој натпревар и не се памети само по фудбалот. Фантастична беше увертирата во која Тоше Проески маестрално во придружба на Симон Трпчевски ја испеа химната. Горан Пандев остана последен од таа генерација активен во репрезентацијата се до минатото лето на Европското првенство.

Тоше беше голем навивач на македонската репрезентација, беше дел и од натпреварот на 7-ми октомври кој го игравме во квалификациите за ЕП на гостински терен на „Олд Трафорд“, навиваше во дресот на Гоче…

Судбината сакаше македонската репрезентација да игра натпревар само еден ден по неговата смрт (16.октомври 2007). Игравме со Андора, победивме 3:0 стрелци беа Наумовски, Седлоски и Пандев. Се беше во знакот на Тоше на тој натпревар, 20.000 гледачи се собраа да искажат почит и да се поклонат за се што направи за Македонија, а фудбалерите истрчаа со маици со неговиот лик и играа за него…

ТОШЕ, ИМАШ САМО ДАТУМ НА РАЃАЊЕ!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…