Дома Останати Авто Мото Џанлука ди Лоренци: Вуков има многу поискусни противници!

Џанлука ди Лоренци: Вуков има многу поискусни противници!

Поранешниот возач, а денешен сопственик на тим во Порше Карера Куп Италија, Џанлука ди Лоренци, лиферуваше соопштение до медиумите во кое се огласи со свое мислење за минатата сезона, како и за очекувањата што ги има во новата, кога трета година по ред ќе соработува со македонскиот пилот Ристо Вуков.

Рико веќе две години собира искуство во ГТ трките, со што е единствениот македонски возач кој има на располагање спортско возило со заден погон, какви што се користат во многу други брзински шампионати, како што се трките на издржливост и Формула 1. Вредноста на новото возило кое тимот „ЏДЛ Рејсинг“ го набави за новата сезона е 258 илјади евра, во текот на годината ќе биде одржувано и опремувано за трките од новата сезона во Порше Карера Куп Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


– Џанлука, кое е Вашето мислење за минатата сезона со Вуков?

– Би рекол дека беше добра, гледано генерално. Тој е единствениот возач што настапува во Карера Куп Италија, а не тестира како неговите ривали. Едноставно, неговите противници се многу поискусни.

– Но, тој сепак имаше добри настапи во трките? – Ако јас се прашувам, резултатите во трка беа исклучително добри, а тоа се виде и на патеката Франчакорта, за време на Фестивалот Порше. Таму и неговите противници имаа исто познавање на таа нова патека, па тој за малку не успеа да се најде на подиумот. Единствено грешките во квалификациите беа пресудни што тој стартуваше од назад. Но тој викенд ја одушеви публиката бидејќи беше единствениот возач кој направи толку многу престигнувања на патеката наречена „малечкото Монте Карло“.

– Џанлука, што очекувате во новата 2022 година?


– Мојата визија е добра, имаме ново возило, несекојдневното Порше 992, кое сега сите возачи ќе го возат без АБС системот. Едноставно, сите пилоти ќе бидат на исто ниво. Вуков мора да ги направи неопходните тестирања и да инвестира одреден буџет во таа насока. Ако дојдете на патеката подготвен, со 90% завршена работа во тренинзите, тогаш викендот ќе го посветите на својот фокус за возењето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…