Дома Фудбал Италија Мурињо: Второто полувреме го одигравме за публика

Мурињо: Второто полувреме го одигравме за публика

Tренерот на Рома, Жозе Мурињо ја пофали својата екипа после победата против Емполи на гости од 2:4.

Рома одигра одличен натпревар и водеше со 0:4 на полувреме, а домаќинот во второто полувреме успеа да постигне два гола и да го постави конечниот резултат. И покрај падот на играта во второто полувреме Португалецот сакаше да остане позитивен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога во прашање е второто полувреме, одигравме за публика. Ако дадевме гол за 5:0 сигурно многумина би го промениле каналот, вака останаа до крај“, низ шега одговори Мурињо.

„Пред овој натпревар знаевме дека Лацио, Аталанта и Фиорентина изгубија бодови, така ни беше важно да победиме и во тоа успеавме. Иако можевме и подобро да ја контролираме играта“, истакна Португалецот.

Серхио Оливеира кој пристигна од Порто постигна два гола на два натпревари во низа.

„Тој е одличен, феномен од техничко гледиште, ретко носи погрешна одлука. Освен тоа има способност и знае како да се справи со ситуацијата и кога да направи фаул“, потенцираше Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…