Дома Фудбал Италија Капело пред италијанското дерби: Ибра е играч-тренер во Милан

Капело пред италијанското дерби: Ибра е играч-тренер во Милан

Вечерва во Серија А на програмата е големото дерби помеѓу Милан и Јувентус, дуелите двата големи ривали секогаш привлекува внимание без разлика на позициите на табелата.

И на двете екипи потребна им е победа, „росонерите“ сакаат триумф за да останат во чекор со Интер додека Јувентус ако победи ќе влезе во топ 4 што со оглед како ја стартуваа сезоната тоа е нивната главна цел сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот Фабио Капело во кариерата имаше прилика да ги води и Милан и Јувентус, па сега даде свој коментар пред дербито.

„Тешко е да се прогнозира овој натпревар и на двете екипи потребна им е победа. Милан мора да биде внимателен затоа што Јувентус станува солиден и го враќа својот дух. Не им верувам на тренирите кои зборуваат дека не го зимаат во предвид противникот кога ја подготвуваат екипата“.

„За мене тоа е ароганција и можете скапо да ја платите. Сите тимови имаат јаки и слаби страни, мора да ги знаете оние на противникот и така ќе знаете каде и да удрите“.

Го пофали и Ибрахимовиќ.

„Ибрахимовиќ можеби не носи на теренот нешто што даваше порано, но тој е играч-тренер и со себе носи големо искуство кое е од голема важност за целата екипа“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…