Дома Фудбал Големи инциденти на дебито на Васоски во Сарајево 🎥

Големи инциденти на дебито на Васоски во Сарајево 🎥

Александар Васоски имаше успешно интернационално тренерско деби откако Сарајево убедливо славеше против Љубушки со 4:0. Овој натпревар предизвика внимание поради инцидентот на трибините и надвор од него.

Босанските медиуми пренесуваат дека непознати сторители почнале да ги оштетуваат возилата со кои навивачите на Сарајево пристигнале на натпреварот. Тогаш членовите на групата „Хорде зла“ истрчале надвор за да видат што се случува. Во пресметката биле употребени факели, а се тврди дека се слушнале и истрели.

Неофицијалните информации се дека некој од локалните жители пукал во воздух за да ја смири ситуацијата и да го прекине конфликтот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Расте притисокот во Штип: „Фалангата“ бара пресврт од Брегалница

Навивачите на Брегалница упатија остри критики кон фудбалерите по поразот од Вардар. Штипс…