Швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а „Билд“ пренесува дека е најблиску до трансфер во Баерн Минхен.
Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах ги прекина преговорите за нов договор и на лето ќе биде слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата, па токму поради тоа е голема желба на многу европски гиганти.
Швајцарецот е на радарот на Јувентус, Барселона, Баерн Минхен и Ливерпул, но Баварците наводно се во пол-позиција.
Со ова Баерн ќе продолжи да се засилува од најголемите ривали во Бундеслигата.