Бившиот бразилски фудбалер Робињо и некогашна ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, беше осуден на 9 години затвор во Италија поради групно силување, пренесува „О Глобо“.




Пресудата на Робињо е уште од 2017 година, но неговите адвокати не успеаа да ја соборат пресудата ниту со жалба на последната судиска инстанца.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Робињо беше осуден поради групно силување кое се случило во 2013 година, кога фудбалерот и уште неколку пријатели силувале албанска девојка во Италија.




Во моментов Робињо живее во Бразил и не може да биде екстрадиран во Италија, но италијанските власти се надеваат дека фудбалерот ќе ја одлежи казната во родната земја.