Репрезентацијата на Исланд ја совлада Унгарија со 31:30, елиминирајќи го домаќинот од ЕП пред 20 илјади фанови во Будимпешта.
Унгарците кои на стартот шокантно загубија и од Холандија, а потоа одвај ја победија Португалија со еден гол разлика, вечерва со поразот од Исланд се простија од турнирот, што сигурно е големо изненадување.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Мечот беше исклучително драматичен, на крајот Унгарците имаа шанси за реми, но но обидот на Лекаи го одбрани голманот на Исланд.
Кај Исланд најефикасни со по девет голови беа Елисон и Магнусон, а на спротивната страна Банхиди запиша шест погодоци.