Вечерва се одржа церемонијата на доделување на наградите на ФИФА „The Best“, каде беше избран и најдобриот тим за 2021 година.
Тимот е со формација 3-3-4, а на голот е Џанлуиџи Донарума, освојувачот на европската титула со Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во дефанзивната линија се Рубен Дијаш (Манчестер Сити), Леонардо Бонучи (Јувентус) и Давид Алаба (Реал Мадрид).
Средниот ред го сочинуваат Жоржињо (Челзи), Канте (Челзи) и Кевин де Брујн (Манчестер Сити).
Во нападот се Лионел Меси, Кристиано Роналдо, Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски.