Дома Македонски спорт Видовме до каде сме, а сега на – работа!

Видовме до каде сме, а сега на – работа!

Македонската репрезентација денес го заврши настапот на Европското првенство, Дебрецин го напуштаме со пораз од светскиот шампион Данска кој беше запишан и очекуван уште пред почетокот на првенството. Наш трет во групната фаза.

Можевме ли повеќе? Дефинитивно, ДА!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Европското првенство дојде некако без очекувања, после катастрофата во Египет. Брестовац беше наследен од македонската ракометна икона Кире Лазаров. Сите сакавме да видиме до каде е оваа „нова Македонија“ предводена од Кире и видовме.

Дефинитивно со една „разнишана“ Словенија која поради некоја причина не беше на своето ниво можевме со победа да го стартуваме турнирот. Пресудија грешките во нападот, премногу промашувавме и не го искористивме Томовски кој мора да се признае беше одличен на голот. Тесно загубивме, остана да жалиме.

Дојде Црна Гора репрезентација против која македонската јавност очекуваше победа уште пред почетокот на турнирот, дали со право тешко е да се каже. Црна Гора беше аутсајдерот во нашата група, меѓутоа на крај ја победи и Словенија во вториот натпревар. Против нас прикажаа една борбена и паметна игра. Ние против Црногорците место да ги намалиме грешките од првиот натпревар ги зголемивме. Го имавме Митревски кој чуда правеше на голот, но и него како и Томовски претходно не го искористивме.

Тука дојдоа и првите критики до Лазаров како селектор, дел од јавноста сметаше дека немавме „план Б“ како да ги пробиеме Црногорците, имавме еден не одеше, па не најдовме решение. Го разбранивме Симиќ, загубивме на самодоверба во нападот и веќе немаше што да се прави.

Денешниот натпревар со Данска беше само да се обидеме пристојно да завршиме, Данска е екстра класа против нив и никој ништо не очекуваше иако во Скопје во квалификациите им покажавме дека можеме да се надигруваме.

Да заклучиме: Ќе повторам пак, повеќе можевме! Но, Кире покажа дека има квалитет и како селектор да ја води Македонија, видовме неколку млади момци кои во иднина можат многу да помогнат, добро беше ова ЕП за големо искуство. Но нека знааат – веќе на наредното очекуваме повеќе и од нив со еден голем турнир зад себе, некои помлади веќе имаат и два.

Сликата за разлика од после Египет е посветла, а сега Кире, момци на работа!

ЗА КОГО? – ЗА МАКЕДОНИЈА!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кирјос се огласи за допинг-скандалот: Најлесно е да се каже „не знаевме“

Aвстралиецот Ник Кирјос не остана без реакција по неодамнешниот допинг скандал со полската…