Дома Фудбал Италија Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Милан оваа сезона навистина нема среќа со повредите, а синоќа се повреди и еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ оваа сезона Факијо Томори.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Томори предвреме го заврши мечот со Џенова, а денес лекарските прегледи покажаа дека има оштетување на менискусот на коленото.

Дефанзивецот уште денес ќе биде опериран, а се очекува потоа Милан да соопшти колку време ќе паузира.

Ова е лоша вест за Милан, кој има голем проблем со повредени фудбалери, особено во одбраната.

Сезоната за Симон Кјаер е завршена, а Ромањоли е позитивен на Ковид, па се очекува Милан сигурно да интервенира на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вест за Гвардиола направила хаос во Сити, Пеп морал да се извинува!

Тренерот на Манчестер Сити е во гнев бидејќи веста за неговото заминување од клубот се раш…