Дома Останати Кошарка НБА Бруклин го доби дербито со Далас, нов пораз за Лејкерси, дабл-дабл на Дончиќ 🎥

Бруклин го доби дербито со Далас, нов пораз за Лејкерси, дабл-дабл на Дончиќ 🎥

Чикаго и Бруклин го играа дербито на истокот на, а на крајот славеше гостинскиот тим.

Бруклин го доби дербито на истокот со 112:138 во убедливо највозбудливиот дуел од вчерашната програма. Предводници на Бруклин беа Кевин Дурант и Џејмс Харден со по 27 и 25 поени. Харден стигна и до дабл-дабл со 16 асистенции и седум скока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Треба да се истакне и учинокот на Милс и Шарп кои постигнаа по 21 и 20 поени. Кај Чикаго најефикасен беше Зек Лавин со 22 поени.

Леброн Џејмс и оваа вечер беше солиден, но сепак Ла Лејкерси беа поразени од Сакраменто. Џејмс натпреварот го заврши со 34 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Кај Сакраменто Фокс уфрли 29 поени и додаде уште четири скока и асистенции. За Лејкерси ова е втор пораз во низа откако претходно беа поразени од Мемфис.

Лука Дончиќ запиша дабл-дабл од 21 поени, 11 скока и 5 асистенции во поразот на Далас од Њујорк Никси. (108:85).

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Бостон 100:119

Филаделфија – Шарлот 98:109

Вашингтон – Орландо 112:106

Атланта – Мајами 91:115

Њујорк – Далас 108:85

Сан Антонио – Хјустон 124:128

Јута – Кливленд 91:111

Чикаго – Бруклин 112:138

Сакраменто – Л.А.Лејкерс 125:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…