Дома Фудбал Фатих Терим повеќе не е тренер на Галатасарај

Фатих Терим повеќе не е тренер на Галатасарај

Oд Галатасарај соопштија денес дека е раскината соработката со досегашниот тренер Фатих Терим.

Најуспешниот турски фудбалски клуб после 20 одиграни кола се наоѓа на 12. позиција со 22 бода помалку во однос на лидерот на табелата Трабзонспор. Во минатото коло Галатасарај беше поразена од Гиренсуспор со 1:0.

За Терим ова беше четврти мандат во Галатасарај со која беше шампион на Турција, а во 2000 година го освои Купот на УЕФА. Во кариерата беше тренер уште на Фиорентина и Милан, како и на репрезентацијата на Турција (на три пати).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го следи Калвани, Џенова ги мерка Камарда и Комото

Тројца млади Италијанци се во фокусот на Милан и Џенова, но „росонерите“ не сакаат трајно …