Aнглискиот репрезентативец Киеран Трипие од денес и официјално е нов член на Њукасл.
Атлетико Мадрид и Њукасл го потврдија трансферот кој се најавуваше повеќе од една недела и десниот бек во следните две ипол години ќе игра на „Сент Џејмс Парк“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Официјално не е објавена сумата за која Трипие доаѓа од Мадрид во Њукасл. Трипие е првото засњилување за Њукасл откако богатиот шеик го презема клубот.
„Среќен сум што дојдов во овој фантастичен клуб. Убаво ми беше во Мадрид, но кога дојде понудата од Њукасл и шансата повторно да работам со Еди знаев што сакам. Знам дека не чека многу работа, знам што е потребно за да се игра во Премиер лигата“, изјави Трипие.