Дома Останати Кошарка НБА Леброн ги предводеше Лејкерси до трета победа во низа 🎥

Леброн ги предводеше Лејкерси до трета победа во низа 🎥

Лејкерси успеаа да врзат трета победа во низа и тоа благодарение на Леброн Џејмс.

Изминатата вечер Лејкерси беа подобри од Сакраменто Кингс со 122:114. Леброн во овој натпревар оствари учинок од 31 поен, 5 скока и 5 асистенции. Посебно беше расположен во последните четири минути кога постигна десет поени и го реши мечот во корист на својот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Треба да се истакнат и добрите настапи на Малик Монк (24 поени), Вестбрук (19 поени) и Хортон-Такер (19 поени). Двајт Хауард стигна до дабл-дабл од 14 поени и 14 скокови.

Феникс славеше против Њу Орлеанс со 123:110 и за нив ова беше седми триумф во последните девет натпревари во НБА. Дури шест кошаркари на Феникс забележаа двоцифрен број на поени. Девин Букер со 33 поени беше најефикасен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Мемфис 106:110

Торонто – Сан Антонио 129:104

Њујорк Никс – Индијана 104:94

Њу Орлеанс – Феникс 110:123

ЛА Лејкерс – Сакраменто 122:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…