Дома Македонски спорт Македонија денес оди на втор тест со Израел и последен пред ЕП

Македонија денес оди на втор тест со Израел и последен пред ЕП

Репрезентацијата на Македонија се подготвува за настап на Европското првенство во Дебрецен каде што ќе играме во група со Словенија, Црна Гора и Данска.

Првиот дел од подготовките избраниците на Лазаров го одработија во Маврово, додека вториот е во Скопје. Вчера во СЦ „Борис Трајковски“ го одигравме првиот натпревар против Израел, додека денес на распоред е втората контролка, која ни е и последна пред настапот на ЕП.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Израел вчера прикажа добра игра и често пати водеше до завршницата. Сепак, тогаш момците на Лазаров заиграа како што треба и го свртеа резултатот. Денес не чека последниот тест и повторно против Израел.

Селекцијата ќе биде комплетна, играчите ги надминаа проблемите со вирусот, а на тренинзите ќе се приклучи и единствениот отусутен, Жарко Пешевски.

Првиот натпревар на Европското првенство Македонија ќе го игра против Словенија на 13. јануари во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…